Ракометарките на хрватскиот шампион Подравка имаа предизвикувачки тим билдинг на реката Мрежница каде што се испробаа во адреналински спортови како што се скок во вода од карпи и рафтинг.
Заедно со ракометарките беше и тренерот Златко Сарачевиќ кој исто така не пропушти ниту една од содржините кои ги правеа ракометарките и тој се испроба во скок во вода. Попладнето беше искористено за уживање покрај базен и одбојка на песок.
Подравка ги започна подготовките пред дваесетина дена, а веќе ги одигра и првите контролни натпревари. На првиот дуел против Осијек остварија победа, а на вториот загубија минимално од унгарскиот Шиофок.
Што сè правеа хрватските ракометарки погледнете на следниве фотографии.
Nakon što smo prošlog tjedna počeli s pripremama za novu sezonu, jučer smo, stručni stožer i rukometašice, zajedno bili…
Публикувахте от Rukometni klub Podravka Vegeta в Петък, 31 юли 2020 г.