Имаше 143 делегати, еден беше позитивен на корона, сега сите се во паника

На генералното собрание на Ракометната федерација на Романија на кое во петокот присуствуваа вкупно 143 делегати, сите се во паника откако кај еден претставник имаше позитивен тест на Ковид 19.

Присуството на коронавирусот кај поранешниот репрезентативец на Романија, Мариус Нованк беше причина сега сите присутни на собранието да се во неизвесност. Иако биле запазени мерките, сепак, останува да се види како ќе заврши целата ситуација.

Покрај делегатите од клубовите и другите учесници во ракометот, на собранието присутен бил и претседателот на Олимпискиот комитет на Романија, Михаи Ковалиу, па сега сите ќе мораат на тестирање.

Ова не е прв случај на позитивни во ракометот во Романија бидејќи и претходно имаше неколку ракометари и ракометарки од Крајова, Глорија Бузау, Дунареа и Стеауа.