Новинари може, навивачи не, на првиот натпревар на Веспрем

Најновите вести кои доаѓаат од таборот на шамионот на Унгарија, Веспрем говорат дека овој клуб на првата средба во подготовките за новата сезона нема да има помош од публиката.

Поради коронавирусот забрането е присуство на фанови на трибините, па тие ќе почекаат за првиот натпревар на кој ќе можат да присуствуваат.

Според закажаното првиот меч ќе биде на 5 август против тимот на Татабања, а на овој дуел ќе може да бидат присутни само преставници на медиумите. Воедно се прават напори за ТВ пренос за да може и навивачите да го следат овој натпревар.

Ова ќе биде прва средба за Веспрем после паузата поради Ковид 19, а за шампионот на Унгарија и сезонава ќе настапува Дејан Манасков, како и неколку поранешни членови на Вардар.