После направените тестови за Ковид 19 во тимот на КЛ7 двајца од ракометарите беа позитивни, а истите се наоѓаат во изолација. Ова го објави и тимот на својата страна на интернет, а во соопштението стои:
„Свесни за пандемијата со ковид 19 и многубројните несимптоматски носители на вирусот во светски рамки, истовремено почитувајќи ги препораките и донесениот протокол од страна на РФМ сите селекции на Голден Арт КЛ 7 беа тестирани.
Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”.
Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом.
По добиените резултати тренинзите се одвиваат секојдневно според донесениот протокол. На нашите играчи им посакуваме поскоро закрепнување и приклучување во тимот“.