Металург има шанси за групна фаза во Лига Европа, ако го помине првото коло ќе биде носител

Ракометарите на Металург немаа среќа за да се најдат директно во 2. коло од квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа, но има убави вести бидејќи според рејтингот кој го имаат каков втор македонски клуб се наоѓаат на 2. место од тимовите кои се најдоа во првото квалификациско коло.

Металург ќе биде носител и во првото коло од калификациите, но само две места го делеа истото и да го скокне. Сепак, поради тоа што во Лигаа на Европа имаше место за 51 екипа мораше да се оди и во првото коло, па веќе е јасно и кои се можните ривали бидејќи ќе има регионална поделеност на клубовите.

Меѓутоа добрата вест е дека во 2. коло ќе има 12 двојки и победниците одат во групната фаза. Ова значи дека доколку Азоти Пулави (втор тим од Полска), Металург (втор тим од Македонија) и Мелзунген (четврти тим од Германија) доколку победат во првото коло ќе влезат во групата на носители и ќе ги избегнат Рајн Некар (Германија), Монпелје (Франција), Фуксе Берлин (Германија), Тулуз (Франција), Спортинг (Португалија), ГОГ (Данска), Бенидорм (Шпанија), Нексе (Хрватска) и Балатонфуреди (Унгарија) на патот кон групната фаза.

Ова би требало да биде така според сето она што досега се случуваше во минатите години при ждрепката за натпреварите. Доколку сè остане исто и ждрепката биде и сојузник на Металург тогаш постои можност Македонија да има повеќе од еден клуб во групната фаза, каде што загарантирано место има составот на Еурофарм Пелистер. Македонија има и трет тим, а тоа е Бутел Скопје. Овој тим е рангиран на 34. место и ќе биде носител во ждрепката за првото коло, па доколку успее да помине понатаму ќе мора да се соочи со тим од повисокорангираните.

Ждрепката за првото коло од квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа е закажана за 28 јули (вторник), а средбите ќе се играат на 29 или 30 август и реваншите на 5 или 6 септември. За второто коло ждрепката ќе биде на 8 септември, а патниците во групната фаза ќе бидат познати после одигрувањето на средбите на 22 и 29 септември.