Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на Европа.
ЕХФ поради многуте рестрикции и затворени граници, ги подели 30-те екипи во три зони по десет, а потоа тие десет екипи ги подели во два шешири.
Двата македонски претставници Бутел Скопје и Металург се најдоа во Зона 1, и се сместени во првиот шешир заедно со СКА Минск, Потаиса Турда и Виктор Ставропол од Русија.
Можните ривали на македонските тимови се сведоа само на пет тима – хрватските Спачва Винковци и Горица, романската Констанца, руската ЦСКА Москва и унгарскиот Ѓенѓеш.
Ждрепката ќе се одржи на 28 јули во Виена со почеток во 11:00 часот.