Европската ракометна федерација ги објави сите тимови што се пријавија за Лигата на Европа и ЕХФ Купот во новата сезона.
Тимот на Еурофарм Пелистер доби директно место во групната фаза, додека Металург и Бутел Скопје ќе играат две квалификациски кола.
Покрај битолскиот тим директно место во групната фаза добија и Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Кадетен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.
Деталите околу ждрепката и шеширите, ЕХФ веројатно ќе ги објави во текот на оваа седмица.
Термините за првото коло се 29/30 август, додека реваншот е една седмица подоцна, а ривалите нашите екипи ќе ги дознаат на 28 јули.