Пред 11 години романскиот ракометар Мариан Козма кој беше член на Веспрем, беше убиен во тепачка во ноќен клуб. Еден од убијците на ракометарот е повторно пред заминување на нова затворска казна.
Иван Стојка беше осуден на 20 години затвор за убиството на Козма, а потоа му беше намалена казната на девет од кои издржа само пет години. Сега криминалецот од Унгарија е обвинет за трговија со луѓе, информира „Маgyarnemzet“.
Стојка принудувал неколку жени од Дунајварош на проституција, а потоа со помош на уште тројца негови соработници им ги одземале заработените пари. Тој бил приведен од унгарската полиција и биле извршени претреси во неговиот дом и домовите на сораборниците каде што биле пронајдени уште докази.
Случајот на Стојка е пред судска разрешница и доколку биде прогласен за виновен ќе мора да ја отслужи и преостанатата казна од четири години за убиството на Мариан Козма, а сигурно ќе добие уште една казна за новиот прекршок.