Додека трае пандемијата со коронавирусот, спортистите како и сите други луѓе најголем дел од времето го минуваат дома, а дел од нив се решија и да променат нешто низ своите домови.
Шпанскиот репрезентативец и соиграч на Кире Лазаров во францускиот Нант, Едуардо Гурбиндо, мораше да закачи неколку уметнички слики.
Гурбиндо го правеше тоа пиштол гол, а моментот го овековечи неговата девојка од Свети Николе – Елена Милева,
Едуардо ја објави фотографијата на социјалните мрежи и предизвика лавина интересни коментари од неговите соиграчи.
„Во соба полна со уметност, јас ќе зјапам во твојот задник“, напиша Милева.