Место во Австрија и Италија, младинците на ЕП во Хрватска

Откако минатата недела Австрија се повлече од организација на Европското првенство за младинци односно за играчи родени 2000 и помали, донесена е одлука за нов организатор на натпреварите.

Првенството требаше да бие во текот на ова лето, но поради пандемијата со коронавирусот е поместено за јануари. Со оглед на тоа што Австрија се повлече беа примени три нови кандидатури. Во комбинација се најдоа Хрватска, Италија и Израел, па ЕХФ одлучуваше одново.

Овој пат одлуката падна на Хрватска и Пореч, а натпреварите ќе се играат од 7 до 17 јануари.