Социјалните мрежи се многу популарни во светот, па така секој клуб има свои страни за промоција на клубот и споделување на новости со фановите.
Според статистиката која ја објави handball-world.news, шампионот на Германија е најпопуларната екипа во земјата. Кил не само што е најдобар колектив во ракомет, екипата е лидер и по популарноста на социјалните мрежи.
Кил има 157.570 следбеници на Фејсбук, а најблискиот конкурент е Рајн Некар Левен со околу 19 илјади помалку, односно 138.942. На трето место е уште еден клуб кој ја надминува бројката од 100 илјади, а тоа е Фленсбург со 106.458 следачи.
Истиот редослед е и на социјалната мрежа Твитер, Кил е прв со 71.202, Рајн Некар е втор со 55.486, додека на трето место е Фленсбург со 36.313 фанови. Само на Инстаграм Рајн Некар успеа да го надмине Кил, тие имаат 115.720 следбеници додека Кил има 106.647 и уште еднаш Фленсбург е на третата позиција.