Светската ракометна федерација по примерот на ЕХФ неделата, воведува ИХФ недела, која годинава ќе биде од 12 до 18 јули.
ЕХФ неделите се користат најчесто за квалификации за големите натпреварувања или за пријателски натпревари.
Во ИХФ неделата нема да има натпревари, туку гласање и прогласување на најдобриот ракометар, најдобрата ракометарка и најдобрите тренери за 2019 година.
Ќе бидат номинирани по пет во секоја категорија, а гласањето ќе се одвива до 12 јули.