Единствениот професионален ракометар од Канада, ќе продолжи да ја гради кариерата во Европа.
26-годишниот десен бек Жастен Ларуш замина од францускиот второлигаш Шербур и во следната сезона ќе има нов предизвик.
Од Франција се сели во Швајцарија и таму ќе настапува за тимот на Ендинген, кој спаѓа во вториот ешалон од тамошните екипи.