Загреб се збогува со Хорват: Капитену, ќе се видиме повторно…

Како бомба низ Хрватска одекна информацијата дека капитенот на Загреб, Златко Хорват, по 18 години си заминува од матичниот клуб.

Хрватскиот репрезентативец имаше понуда да остане уште една година кај „плинарите“, но сепак се реши за првиот интернационален предизвик.

Десното крило доаѓа во Македонија, во тимот на Металург, кој станува сериозен конкурент за трофеј.

Поранешниот клуб на Хорват, му се заблгодари за придонесот на капитенот со надеж дека повторно ќе се врати во Загреб.

„Хорват заминува. На почетокот на годината му понудивме едногодишен договор, а по пензинирањето и место во младинската школа во клубот. Отворено разговаравме за можно заминување во странство на две години и потоа да се врати. Но, оваа одлука нè изненади. Му благодариме за сè, бидејќи тој е вистинска легенда на клубот и му посакуваме среќа во неговиот нов клуб. Жал ни е што не го продолжи договорот со нас, но тој одлучи така и мора да го почитуваме тоа“, рече директорот  Ведран Чупуковиќ за официјалниот сајт на Загреб.

Хорват е четвртото засилување за Металург по Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш.