Селекторот со кој машката сениорска репрезентација го направи најголемиот успех (петто место на ЕП 2012), во новата сезона ќе има интересен предизвик.
Звонко Шундовски, кој беше без ангажман по заминувањето од романската Констанца, е нов тренер на катарскиот тим Ал Рајан.
Овој клуб формира силен ростер, и посакува да биде дел од Азиската Лига на шампиони следната сезона.
Шундовски тренерската кариера ја градеше во Металург, романските ЧСМ Букурешт и Констанца, а беше селектор и на селекцијата на Израел.