Изминатите две години машката репрезентација на Соединетите Американски Држави ја предводи шведскиот селектор Роберт Хедин . Во интервју за порталот teamusa.org, тој зборуваше за плановите со репрезнтацијата и проблемите во работата.
Поради ситуацијата со коронавирусот сè уште е неизвесно одржувањето на квалификациите за Северна Америка за Светското првенство во Египет, а според Хедин голем проблем во неговата работа е пронаоѓање и селекција на играчите за во репрезентацијата.
„Засега главниот проблем е одржувањето на квалификацискиот турнир за Северна Америка во октомври на Карибите. Не верувам дека турнирот ќе се одржи во планираниот период. Немаме планови за репрезентативни собири бидејќи немаме ниту датуми за одигрување на натпреварите. Работењето во САД е многу поразлично од моето претходно искуство воо Европа. Пример во Норвешка го знаеме секој ракометар со норвешки пасош, играчите играат во најдобрите европски клубови и селекторот може да го избере најдобриот состав. Тука самита мора да ги барате играчите и да ги селектирате, доколку САД успее да создаде лига ќе биде голем чекор напред“, рече Хедин.
Шведскиот стручњак смета дека САД има големи шанси за пласман на Мундијалот во Египет, а исто така се надева и на настапи на Олимписките игри во 2024 и 2028 година кога САД ќе бидат домаќини во Лос Анџелес.
„Огромен чекор ќе биде пласманот на Светското првенство, ние можеме да го сториме тоа. Можеби репрезентациајта на Куба е најдобрата селекција, многу Кубанци играат во Европа, но ние ги победивме на Пан-Американските игри во 2019 година. Тука е и Гренланд каде што има многу искусни Данци. Ако имаме играчи кои играат во добри клубови можеме да селектираме добра екипа за Олимпијадата во 2028 година, па дури можеби и за игрите во 2024“, заврши Хедин.
Американците започнаа да посветуваат поголемо внимание на ракометот, а беше најавено и формирање на лига во земјата.