„Вардар ја среди Барса за десет минути, но…“

Поранешното легендарно лево крило на Барселона и на шпанската репрезентација, Хуанин Гарсија, на крајот на оваа сезона заминува во пензија како член на Адемар Леон.

Тој за „Мундо Депортиво“ говореше за Барселона, за повлекувањето на Виктор Томас, а се наврати и на последниот Ф4 во Лигата на шампионите, кога Вардар со епски пресврт го елиминира шпанскиот првак.

„На последниот завршен турнир, шансата за титула на Барса замина за само десет лоши минути. Цела сезона работат и играат добро во ЛШ, па не е фер да им се суди на играчите поради десет лоши минути. Сите знаеме како функционира Барса и колку е тешко да се освои Лигата на шампионите, но пак ќе потенцирам дека десет минути не можат да уништат се што сте направиле во текот на сезоната. Во Европа, на Ф4 турнирот, се натпреварувате против силни екипа. Барса е секогаш еден од најголемите кандидати за освојување на Лигата на шампионите“, вели Гарсија.

Барселона сезонава ќе има шанса за титула, бидејќи повторно обезбеди место на завршниот турнир, заедно со Кил, Веспрем и ПСЖ.