Обрадовиќ: За Македонија ме врзуваат убави спомени…

Средниот бек на Мешков Брест, Немања Обрадовиќ, од наредната сезона најверојатно нема да го носи дресот на белорускиот шампион.

Обрадовиќ е поранешен играч на Металург, во сезоната 2016/2017 во која беше прв стрелец на тимот од Автокоманда.

Тој вели дека се уште нема понуда од македонски клуб, но дека ќе ја разгледува доколку ја добие.

„Постои голема веројатност дека ќе си одам од Мешков Брест. Се уште немам потпишано документи за раскин на договорот, но мислам дека ќе заминам. Немам добиено понуди од македонски клубови, но ме врзуваат убави спомени за Македонија и ќе ги разгледам сериозни ако добијам“, вели Обрадовиќ за 24Ракомет.

Србинот е поранешен член на Јагодина, Напредак и Металопластика, а во странство покрај за Металург и Мешков Брест, настапуваше за францускиот Валанс и полската Висла Плоцк.