Голманот на Веспрем, Владимир Цупара во паузата од сезоната имаше интересни коментари, а еден од нив беше директно поврзан со ракометар на Вардар.
Се работи за негово видување за играта на левотокрило на „црвено-црните“, Тимур Дибиров. Цупара смета дека Дибиров е неверојатен ракометар со големи вештини.
„Според мене Тимур Дибиров е играч кој е многу храбар. Тој поседува неверојатни вештини за шутирање. Дури и во најтешките ситуации тој знае да погоди во најмалиот гол. Многупати тоа се спектакуларни погодоци“, коментира голманот на Веспрем.
Самиот Цупара многупати и како голман на Келце и како голман на Веспрем имаше можност да види колку е тешко да се брани голот при шутевите на Дибиров така што овие коментари се произлезени од тие удари.