Ракометарките на членот на Бундес лигата, Бломберг Липе одлучија да му дадат поддршка на клубот во битката за опстојување и се откажаа од платите кои требаше да ги земат до крајот на јуни.
Според договорите за играње за оваа сезона до 30 јуни тие одлучија да се откажат од сите плати така што на овој начин сакаат да ја надоместат загубата која клубовите ја претрпуваат поради откажувањето на сите натпреварувања.
Дали ова ќе биде пример кој ќе го следат и други клубови останува да се види, но дефинитивно Бломберг Липе е клубот кој доби поддршка од своите ракометарки.