Им ги намалија платите за 75%, но и покрај тоа донираа за болници

Вонредната состојба во Романија им овозможи на клубовите да ги намалат платите на ракометарите за 75% од просечната бруто плата во земјата или на 840 евра. Овој потег го направи и екипата Политехника од Темишвар.

Но играчите на клубот ја прифатија оваа мерка, и не само тоа туку дополнително одвоија средства за да помогнат во екот на пандемијата. Парите кои ги собраа ракометарите се наменети за болниците во најголемите градови во Романија.

Вкупната сума која е соберена како помош е 50.000 леи или околу 10.000 евра. Но тоа не е сè, клубот Политехника отвори посебна сметка на која навивачите можат да уплатат средства со цел да помогнат на здравствените установи во земјата.