Двајца од седумте ракометари на Рајн Некар Левен заразени со коронавирусот, веќе се излечени.
Станува збор за шпанскиот ветеран Гедеон Гвардиола и за голманот Микаел Апелгрен, кои сепак ќе го продолжат карантинот во своите домови.
„Прво што направив – си поиграв со децата. Сега имам многу енергија бидејќи многу време не тренирав“, вели Гвардиола.
Покрај него и шведскиот голман веќе тренира на својот балкон.
„Се враќам во добра форма повторно. Го победив коронавирусот“, изјави Апелгрен, кој на интересен начин во маска на диносаурус објави дека е позитивен на овој вирус.
Покрај нив двајца од Рајн Некар позитивни беа и тренерот Швалб, како и Мадс Менса Ларсен, Јеспер Нилсен, Патрик Грецки и Тим Хенц.