Криза во Романија: Членовите на шампионите Динамо Букурешт и Валчеа ќе земаат само 850 евра плата!

Кризата со пандемијата на коронавирусот донесе многу проблеми кај клубовите. Најдобрите екипи во Романија веќе донесоа одлуки како ќе се обидат побезболно да го надминат овој кризен период.

Управата на шампионот Валчеа објави дека договорите на сите ракометарки ќе бидат прекинати за време на вонредната состојба во земјата. Додека ваквата состојба е на сила во земјата сите ракометарки ќе добиваат само 75 проценти од просечната бруто плата во земјата (околу 850 евра).

Слични мерки во Романија донесоа и уште неколку клубови, ЧСМ Букурешт, Крајова и машката екипа на Динамо Букурешт. Додека екипата Корона од Брашов целосно ги раскина договорите со ракометарките.