Во недостиг на натпревари и вести за трансфери на ракометниот маркет, Европската ракометна федерација подготви интересен квиз за љубителите на ракометот.
Се однесува на последното издание на завршниот турнир во Лигата на шампионите, на кој титулата по вторпат во историјата ја освои Вардар.
Оваа сезона актуелниот шампион ќе има тешка задача да стигне четврти пат по ред на турнирот во Келн, бидејќи пред себе го има унгарскиот ПИК Сегед.
Доколку сакате да го тестирате вашето знаење за Вардар и за завршниот турнир во ЛШ, можете тоа да го сторите ТУКА.