Добри вести од Вардар: Нема кратење на плати и сите долгови ќе бидат исплатени!

Коронавирусот се шири брзо на глобално ниво и допрва ќе го зема својот данок во спортот. Сигурно ќе бидеме сведоци на многу пропаднати спортски колективи, на раскинати договори, на неисплатени плати, не незадоволни спортисти…

Од бордот на европските ракометни клубови стигна препорака дека клубовите можат да скратат дел од платата н аракометарите во следните три месеци. Некои клубови во Европа веќе најавија можно кратење, некаде помалку, некаде повеќе.

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да ги стопира натпреварите на неодредено време и се уште не е јасно дали ќе има завршница во елитните конкуренции, и ако има – на кој начин ќе се добијат шампионите. Тоа ја отежнува ситуацијата зашто до крајот на јуни истекуваат договорите на доста ракометари во клубовите.

Македонските клубови најавија дека најпрво ќе ја чекаат одлуката на федерацијата и најавената помош од државата, па потоа ќе повлекуваат конкретни потези, односно ќе одлучат дали ќе кратат дел од платите на ракометарите. Од актуелниот македонски и европски шампион најавија дека нема има кратење на плати.

„Ние ја следите ситуацијата со ширењето на коронавирусот, но без оглед на тоа Управниот одбор на клубот одлучи дека нема да има кратење на платите во овие четири месеци. Покрај тоа до крајот на сезоната ќе бидат исплатени сите долгови кон ракометари“, изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.за 24Ракомет.

Со оглед на тоа што врвот на епидемијата со коронавирусот во Македонија се очекува кон крајот на следниот месец, ракомет сигурно нема да се игра ниту на почетокот на мај, па во најдобар случај, натпеварите би започнале во последната седмица од мај. Дотогаш РФМ ќе разгледува какви опции има за завршување на сите шампионати.