Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го објави списокот на рекордери по завршувањето на регуларниот дел од сезоната, иако не се одиграа уште два меча.
Од македонските тимови или играчи, во овие рекорди се инволвирани тимот што не постои повеќе – Макс Струмица, потоа Стефан Додиќ и Мартин Серафимов од Металург.
Меѓу најдобрите стрелци покрај Микита Ваилупов со 103 погодоци, се најдоа и двајцата ракометари на Вардар и Еурофарм Пелистер – Тимур Дибиров и Ловро Јотиќ со по 58 голови.
Оваа сезона се променија сопствениците во три категории, а најстар е оној на Макс Струмица за највисок пораз. Додиќ од Металург е најмлад играч што настапил во СЕХА, додека Серафимов од истиот тим постигна најмногу голови од пенал на еден натпревар.
Рекордери во СЕХА:
Најмногу голови во едно полувреме (2019/20) – Микита Ваилупов (14 погодоци)
Најмногу голови на еден натпревар (2019/20) – Микита Ваилупов (20 погодоци)
Најмногу асистенции на еден натпревар (2017/18) – Бруно Буторац (Татран Прешов)
Најмлад ракометар на еден натпревар (2018/19) – Стефан Додиќ (15 години и 221 дена)
Најмногу погодоци на еден натпревар (2019/20) – Вардар и Мотор 44-37 (81 погодок)
Најголема разлика на еден натпревар (2015/16) – Веспрем и Макс Струмица 50-16 (34 голови)
Најмногу одбрани на еден натпревар – Иван Пешиќ, Иван Стевановиќ, Тибор Иванишевиќ, Урбан Лесјак – 23 одбрани
Најмногу погодоци од пенал на еден натпревар – Микита Ваилупов, Момир Илиќ, Мартин Серафимов (9 погодоци)