Ракометарката Луција Вистороп која игра во екипата на Зрињски во Босна и Херцеговина на многу невообичаен начин обезбеди нејзиниот клуб да се спаси од банкрот.
Луција е сестра на Филип Вистороп кој настапува во Загреб. Таа во едно телевизиско шоу каде што гостуваше со нејзината екипа изгреба грепка со добивка од 10.000 конвертибилни марки (околу 5.000 евра) што во тој момент беше спас на клубот кој штотуку влезе во најдобрата женска лига на БиХ.
Луција Вистороп има 20 години, а веќе имаше настап во младинската репрезентација на БиХ, но според нејзините зборови не се надева на настап во сениорката селекција. Заради презимето многумина не знаат дека братот и сестрата Вистороп се Мостарци. Презимето е руско, а потекнува од нивниот дедо кој бил руски морнар кој се одлучил да живее на тие простори.