На денешната редовна прес-конференција на Министерот за здравство, Венко Филипче, беше објавено дека е разгледувана можноста и спортските сали да бидат импровизирани болници за пациенти заразени со коронавирусот кои имаат поелска слика.
Таков беше примерот во Бугарија и Хрватска. Во текот на вчерашниот ден „Арена Загреб“ и „Армеец Арена“ беа подготвувани за прием на пациенти заразени од коронавирусот.
Филипче најави дека засега таа можност е отфрлена.
„Дискутиравме за оваа можност, но сметаме дека такво нешто би преземале дури во некоја понапредна фаза како некоја последна мерка. Имаме кревети кои се оспсобени и би можеле да ги користиме за такво нешто, но засега експертите сметаат дека не е потребно. Засега ќе го практикуваме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои би можела да им биде потребна помош“, изјави Филипче.
Според најновите информации, бројката на заразени со КОВИД-19 во Македонија ќе се зголемува постојано следните денови, а до денеска во нашата држава има 85 позитивни случаи.