Претседателот на федерацијата на Италија: Буквално потклекнуваме пред вирусот!

Италија е најмногу погодена европска земја од корона вирусот и поминува низ многу тежок и драматичен период. Во текот на изминатите денови неколку илјаду луѓе го загубија животот.

Претседателот на ракометната федерација на Италија, Паскале Лорија испрати порака до навивачите и јавноста.

„Драги ракоеметни пријатели, доживуваме неверојатна приказна која никој од нас не можеше да ја замисли и никој не беше подготвен да се соочи. Како што сите знаат, земјата е затворена, владата мораше да преземе исклучителни мерки, кои никогаш не постоеле во ниту една демократска држава во мирот. Олимпискиот комитет, претставен од претседателот Џовани Малаго, ја олесни координацијата меѓу тимските спортски федерации за да се избегнат спротивставени одлуки и да се обедини целото национално спортско движење како единствена и кохезивна структура со цел да се побара државна и економска поддршка, бидејќи буквално потклекнуваме како резултат на оваа кризна ситуација. Секогаш сме навикнати да наидуваме на потешкотии во ракометот, и затоа сум сигурен дека ќе покажеме голема храброст и самодисциплина дури и во овој очаен момент. Сега не е време да трошиме енергија, да поставуваме хипотези, да донесуваме екстремни одлуки или да потклекнете потпаднеме во очај, треба да одржиме единство и спортски дух. Ние мора да бидеме подготвени да продолжиме што е можно поскоро или да ја завршиме сезоната. Да живее ракометот, да живее спортот, да живее Италија“, порача Лорија.

Според овие изјави штом ќе се смири ситуацијата со вирусот во Италија се очекува сезоната да продолжи и сите натпревари кои се предвидени за сезоната да се доиграат.