37-годишниот шпански репрезентативец Дани Сармиенто и во следната сезона ќе остане во францускиот Сен Рафаел, откако го продолжи договорот на една година.
Некогашниот член на Металург, Јанко Божовиќ, и во следните две години ќе ги брани боите на членот на Втората Бундес лига, Гумерсбах.
Полската репрезентативка Александра Зич, на крајот на сезоната ќе си замине од Борусија Дортмунд и ќе се пресели во романската Магура Чиснадие.
Францускиот Нант од следната сезона ќе смета на услугите на младиот десен бек од Србија, Милан Милиќ, кој потпиша четиригодишен договор.
Шпанската интернационалка Ирен Еспинола го продолжи договорот со бундеслигашот Некарсулмер на уште две сезони.
Аргентинецот Пабло Симоне, брат на многу попознатиот Диего, ќе го продолжи престојот во Куенка, откако стави потпис на нов двегодишен договор.
Шведскиот среден бек од Савехоф, Вилијам Богојевиќ, на лето се сели во данскиот Силкеборг, со кој потпиша договор на две сезони.