По двајцата ракометари на шпанскиот второлигаш Малага, има нов случај на позитивен ракометар на коронавирусот.
Станува збор за член на францускиот второлигаш Лимож, чиј идентитет се уште не е откриен.
Овој клуб ги откажа тренинзите и сите натпревари во следниот период, а продажбата на билети е стопирана.
Сите играчи, членови на стручниот штаб и вработени во Лимож се под докторски надзор, а анализи ќе бидат направени на ракометарите од екипите против кои Лимож играл во последните две седмици.