Со натпреварите помеѓу Савехоф – Брест и Есбјерг – Мец заврши групната фаза од Лигата на шампиони за жени. Се беше познато уште во минатото коло во поглед на патниците во четвртфиналето и последните дуели беа само формалност.
Брест ја потврди добрата форма и убедливо славеше на гостувањето кај Савехоф со 29:17, а Есбјерг ја совлада екипата на Мец со минимални 30:29 со пресврт во второто полувреме но сепак остана зад нив на табелата.
Познати се четвртфиналните двојки кои ќе се борат за пласман на завршниот турнир. Првите натрпевари се играат од 3 до 5 април, а реваншите се на програмата една седмица подоцна.
Ѓер ја брани титулата, а пречка до завршниот турнир ќе им биде ѕвездениот тим на ЧСМ Букурешт. Двојките се Влчеа – Мец, ЧСМ Букурешт – Ѓер, Будуќност – Есбјерг и Ростов Дон – Брест.