Во Лигата на шампиони за жени се одигра последното коло од групната фаза пред кое сè беше познато околу пласманот во нокаут фазата. На денешните натпревари домашните екипи имаа своја вечер и сите забележаа победи.
Бранителот на титулта Ѓер имаше сигурно издание против романската Влчеа и победи 35:29. Со оваа победа унгарскиот тим ја заврши групната фаза без пораз со само едно реми со што останува прв кандидат за титулата и оваа сезона.
Крим ја изненади екипата на Будуќност која настапи без три важни ракометарки Милена Раичевиќ, Мајда Мехмедовиќ и Марина Рајчиќ. Словенечкиот тим триумфираше со 29:23.
Ростов Дон на свој терен беше подобар од вториот унгарски претставник ФТЦ Раил Карго со 29:26. Рускиот тим имаше фуриозно прво полувреме кога направи недостижна предност од 17:9 и во продолжението без проблеми стигна до победата.
ЧСМ Букурешт го скрши отпорот на Кристијансанд во второто полувреме откако по првиот дел имаше минимална предност од 12:11. Во продолжението ЧСМ стигна до нови победи со триумфот од 28:22.
Лига на шампиони – жени, Резултати
Ростов Дон – Ференцварош 29:26 (17:9)
Ѓер – Влчеа 35:29 (20:15)
ЧСМ Букурешт – Крситијансанд 28:22 (12:11)
Крим – Будуќност 29:23 (14:13)
Савехоф – Брест недела, 15 часот
Есбјерг – Мец недела, 16:50 часот