Од следната сезона во Лигата на шампионите се воведуваат нови правила, а покрај нова ќе има и повеќе награда за тимовите кои ќе земат учество во најсилното клупско натпреварување. Покрај тоа што шампионот ќе добие повеќе пари од досега, капитенот на тимот кој ќе победи во финалето ќе може да крене и нов пехар.
Во моментов од ЕХФ бараат талентирани дизајнери кои ќе подготват најдобар предлог за изгледот на новиот пехар така што е јасно дека сегашниот пехар последен пат со ваков изглед ќе биде кренат во Келн годинава.
Како ќе изгледа пехарот кој најдобрите тимови од Лигата на шампионите ќе го добиваат од следната сзона ќе биде познато веројатно до 1 јули. Тогаш треба да биде организирана ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, а воедно се очекува да биде направена и промоција на новите пехар бидејќи ќе има нов пехар и за Лигата на шампионите во женска конкуренција.