Бундеслигашот Магдебург каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, вторпат во една седмица беше подобар од францускиот Нант каде игра капитенот на нашата селеција, Кире Лазаров.
Магдебург славеше со 29-28, иако во текот на натпреварот имаше и поголема предност, на крајот мораше да стравува за победата.
Кузмановски даде два гола, исто колку и Лазаров, па сега германскиот тим е со обезбедено четвртфинале, додека Нант ќе мора да биде меѓу најдобрите три третопласирани, што исто така е реалност.
Овие два тима, заедно со Фуксе Берлин и Рајн Некар се најголемите фаворити за место на завршниот турнир, па сигурно по натпреварот Лазаров му порача на помладиот колега дека ќе чекаат шанса за одмазда во Берлин на Ф4.