Екипата на Адемар каде тренер е Маноло Каденас посакува да го донесе голманот на Вардар, Калифа Гедбан до крајот на овој преоден рок. Иако информациите беа дека Алжирецот се договорил со Адемар за трансфер на крајот на сезоната, сепак, од клубот се надеваат дека ќе успеат да го добијат уште сега.
После заминувањето на Милосављев, Гедбан требаше да биде прв голман на Вардар, но не успеа да се истакне доволно. Се очекуваше да замине, а трансферот не е изненадување. Сепак, во моментов кога Вардар се наоѓа во тешка ситуација уште едно заминување би било премногу.
Причината поради која од Шпанија пристигнуваат информации дека Адемар ќе направи притисок уште сега да го ангажира Гедбан за да може сезоната да се продолжи со три голмани. Во моментов во овој тим од Асобал лигата бранат Дино Славиќ од Хрватска и Дмитри Потоцки од Белорусија. Каденас сака и трет голман за да има повеќе опции.
Дали ќе се случи уште едно заминување останува да се види бидејќи вчерашните информации говореа дека нема да има веќе заминувања од тимот до крајот на сезоната.