Тимот на ЧСМ Букурешт, по дебаклот во минатото коло на гостувањето кај Ференцварош во Лигата на шампионите, и по тешката победа во романскиот шампионат кај Бузау, славеа на домашен терен против францускиот Мец со 32-28.
На стартот се играше најчесто гол за гол, но во финишот на полувремето домаќинките направија предност од три гола, 16-13. До пред паузата Мец намали на 16-14. Во вториот дел домаќинките поведоа со 20-15 и до крајот немаше неизвесности.
Главната на теренот беше Кристина Неагу со 14 голови од 19 обиди, а Андреа Лекиќ постигна седум погодоци. Во гостинскиот тим се истакна Сајка со седум голови. Со овој триумф ЧСМ остана во игра за место во четвртфиналето.