Французите го загубија трпението: Динар доби отказ!

По фијаското што го доживеа француската репрезентација на последното Европско првенство кога беше елиминирана уште во првата фаза, селекторот Дидие Динар доби отказ.

Француската ракометна федерација му врачи отказ на Динар, иако тој имаше активен договор.

Франција нема обезбедено директно место на Олимписките игри во Токио летово, а тоа ќе биде првата обврска на новиот предводник на „експертите“.

Замена за Динар би требало да биде неговиот досегашен помошник Гијом Жил, кој ќе се обиде да ја однесе Франција на ОИ преку трите натпревари од квалификациите закажани од 17 до 19 април.