Хрватска херојски обезбеди место во финалето на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска и ќе се бори за златниот медал што и недостига во богатата колекција.
На теренот во „Теле 2 Арена“ во шведскиот Стокхолм, покрај многубројните хрватски навивачи, за некогашниот вардарец Игор Карачиќ и за неговата репрезентација имаше и македонска поддршка.
Девојката на Игор, Душица Андоновска, беше во Стокхолм и заедно со него се радуваа на големата победа, а сигурно и утре со цела сила ќе ги бодри „коцкестите“ на дуелот против Шпанија.