Некогашниот член на Веспрем, Атлетико Мадрид и Сиудад Реал, како и екс соиграч на македонскиот капитен Кире Лазаров – Чема Родригез, ќе биде нов тренер на Бенфика од наредната сезона.
Шпанскиот интернационалец е активен на ракометните терен во дресот на францускиот Саран, а веќе ги направи и првите чекори во тренерската кариера. Тој му е помошник на унгарскиот селектор Иштван Гулјаш, а од лето ќе го има и првиот самостоен ангажман.
Бенфика, чиј член е нашиот голман Борко Ристовски, има солиден ростер, но се уште не може да им парира на Порто и Спортинг Лисабон во битката за титулата.
Челниците на клубот ги ангажираа Петар Ѓорѓиќ, Рене Тофт Хансен, Оливие Њокас, тука е Ристовски кој има договор на уште сезона, и ќе има шанса да соработува со Родригез.