СЕНЗАЦИЈА: Ѓер загуби во унгарското првенство – за тоа е „виновна“ поранешна вардарка!

Европскиот шампион Ѓер по цели две и пол години доживеа пораз на домашно тло, во унгарското првенство. Избраничките на Габор Дани, ретко ја чувствуаат горчината на поразот во ЛШ, а камоли пак дома.

За големо изненадување се погрижи тимот на Шиофок, кој славеше со убедливи 34-29, а и на полувреме имаше висока предност од девет голови, 21-12. Последниот пораз во унгарското првенство Ѓер го доживеал на 31 октомври во 2017 година од ФТЦ.

Најголеми заслуги за победата на Шиофок има некогашната вардарка Андреа Кобетиќ, кој даде пет голови, а подели и уште неколку асистенции. Исто толку погодоци дадоа и Ниомбла, Пена и Томори.

Во ростерот на Ѓер се истакнаа Нзе Минко со пет, како и Кристијансен и Куртовиќ со по четири погодоци. Овој пораз нема многу да влијае на табелата и да ги замрси работите, бидејќи Шиофок има веќе два порази и едно реми, па единствен конкурент на Ѓер за титулата останува ФТЦ.