Ракометарите на Балинген ја забележаа третата победа во Бундес лигата, а лидер до победата беше македонскиот репрезентативец Филип Талески кој со осум гола беше најефикасен заедно со Гретарсон кој ист така погоди осум пати.
Талески ја одигра најдобрата партија откако пристигна во Балинген, а денеска тие беа подобри од Фуксе Берлин на домашен терен со 31:30. Во привот дел двете екипи го менуваа водството, но на одмор со минимална предност замина домаќинот кој имаше 14:13. Во продолжението многу подобро издание имаше Балинген кој во еден момент имаше и пет предност и сосема заслужено стигна до победата.
Вториот претставник од Македонија, Филип Кузмановски со својот Магдебург на гостувањето кај Ерланген успеаја да триумфираат. Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелци, а имаше едно исклучување.
Во останатите натпревари, Минден славеше кај Нордхорн со 26:25, а Бергишер и Гепинген ги поделија бодовите со резултат 25:25.