Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков, игра во одлична форма во австрискиот шампионат.
Тој беше најдобар стрелец во составот на Брегенц на дуелот со неговиот поранешен тим Барнбах , кој го доби Брегенц со 25-27.
Митков беше стрелец на девет погодоци или една третина од сите на тимот. Иако домаќинот водеше со 15-14, Брегенц предводен од Митков направи пресврт во второто полувреме.
Со вкупно 12 бода тимот на Митков се наоѓа на 8 место на табелата.