Полскиот шампион Келце на официјалниот веб сајт објави дека на крајот на сезоната си заминува словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц.
23-годишното десно крило, кое одлично се снаоѓа и на десната бековска позиција, нема да го продолжи договорот со Келце и ќе се пресели во Барселона.
На негово место во Келце доаѓа 25-годишниот исландски репрезентативец Сигвалди Гудјонсон, кој сезонава настапува за норвешкиот првак Елверум.
Јанц три сезони беше дел од Келце, а претходно го носеше дресот на Целје.