Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групната фаза од ЕХФ Купот во женска конкуренција. Македонски клуб нема да има, но ќе има три македонски интернационалки со своите клубови.
Елена Ѓорѓиевска со Подравка ќе биде дел од групата Б, каде што е бранителот на титулата Шиофок предводен од екс вардарката Андреа Кобетиќ. Тука се уште романската Магура и данскиот Копенхаген.
Јована Саздовска со Турингер е дел од групата А, и се чини ќе има најлесна задача за пласман во четвртфиналето. Ќе се бори со унгарскиот Дебрецин, чешкиот Мост и турскиот Кастамону.
Наташа Нолевска со Корона Брашов е дел од групата Ц заедно со данскиот Оденсе, унгарскиот ЕРД и полскиот Лублин.