Тимот на Металург го очекува првиот нартпревар од третото квалификациско коло во Купот на ЕХФ против словенечкиот Горење Велење.
Тимот што никогаш не излезе од сенката на Целје, е незгоден противник, па иако не игра во најдобра форма од почетокот на сезоната, Металург треба да биде многу внимателен.
Избраниците на Зоран Јовичиќ победија четири пати во серија во словенечкиот шампионат, а нивна последна жртва беше тимот на Изола кој беше совладан со 27-37.
Најдобри стрелци беа Вердинек со седум и Целминс со пет голови, додека по четири пати во листата на стрелци се запишаа Кавчиќ, Матановиќ и Хасељиќ.
Првиот натпревар меѓу Горење и Металург се игра во „Рдеча дворана“ во Велење, в сабота со почеток од 20:00 часот.