Европскиот шампион Вардар никако не може да се врати на победнички патеки во Лигата на шампионите и во последните седум меча, забележа пет убедливи порази од Келце, Веспрем на два пати, Кил и Мешков Брест.
Европската ракометна федерација во анализата на десетте минати рунди во елитното натпреварување го лоцира главниот проблем на вардарци, а тоа е одбраната.
„Во последните седум рунди, Вардар победи само еднаш, падна на шестото место на табелата, на пет бода зад второпласираниот Веспрем и на пет пред Мотор и Мешков. Македонскиот тим никако не успева да го пронајде својот одбранбен ритам – прими 38 гола од Веспрем, 35 од Келце, 31 од Кил и 39 од Веспрем на првата средба. Во првите 10 кола оваа сезона, Вардар прими 321 гола, ова е втората најголема бројка по Мотор Запорожје. Промената на тренерското место, Едуард Кокшаров на местото на Давид Писонеро по петото коло не помогна, последниот летен егзодус значеше дека Вардар не може да го повтори она што го направи минатата сезона, кога успеа да дојде до титулата благодарение на нивната посветеност. Ако сака Вардар да дојде до четвртфиналето ќе мора нивните грешки да ги коригира“, се вели во текстот на ЕХФ.
Вардар во пролетниот дел од сезоната Вардар ќе гостува кај Кил и Порто, а дома ќе ги пречека Мотор и Монпелје.