Ракометарите на европскиот шампион Вардар загубија по шести пат во седумте последни натпревари, откако во Скопје беа поразени од Веспрем со 29-38.
Вардар имаше тројца голмани на овој дуел, во првиот дел бранеа Гедбан и Кизиќ, додека во вториот шанса доби младиот Васил Гогов. Гедбан го почна натпреварот меѓу стативите, но за дваесетина минути забележа само една интервенција по ударите на гостинските ракометари.
Навивачите бараа негова замена со Кизиќ, а најгласни беа оние зад клупата на Вардар. Веројатно многумина од навивачите го загубија трпението со него, па му аплаудираа по секој примен гол и дофрлуваа дека Кокшаров мора брзо да реагира со измена.
Кога на вториот тајм-аут во првиот дел, тренерот Кокшаров се одлучи да го седне Гедбан на клупа, дојде до вербален конфликт со навивачите од првите редови на трибините.