Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат последниот натпревар од Лигата на шампионите за оваа година.
Не му оди најдобро на европскиот шампион на дуелот против унгарскиот гигант Веспрем, но навивачите се надеваат дека до крајот ќе има подобро издание на вардарци.
Во публиката меѓу навивачите се најде и поранешната вардарка, Татјана Хмирова, која од срце ги поддржуваше „црвено-црните“.