Миркуловски поуспешен од Томовски, гостински триумф на Кузмановски

Во 19. празнично коло од Бундес лигата Филип Миркуловски со Вецлар беше домаќин на Мартин Томовски со Лудвигсхафен и успеа да триумфира со 26:23.

Вецлар имаше одличен почеток на дуелот, рано направи предност од 5:1 но во продолжението гостинскиот тим се врати резултатски и на одмор беше 13:12 водство за тимот на Миркуловски. Во вториот дел домашните не дозволија изнендаување и запишаа нови бодови.

Филип Миркуловски имаше добро издание со три погодоци од три обиди, а додаде и две асистенции. Мартин Томовски за 15. минути на теренот забележа две одбрани.

Магдебург на Филип Кузмановски имаше сигурно издание на гостувањето кај Нордхори и оствари победа од 27:21. Уште по првите 30. минути гостите имаа предност 15:10 која до крај лесно ја задржаа. Кузмановски немаше учинок на натпреварот.

19. коло Бундес лига

Резултати

Вецлар – Лудвигсхафен 26:23 (13:12)

Нордхорн – Магдебург 21:27 (10:15)

Гепинген – Кил 26:27 (15:16)

Фуксе Берлин – Лајпциг 29:28 (13:13)

Бергишер – Рајн Некар 26:29 (12:16)

Мелсунген – Балинген 36:23 (15:11)

Лемго – Ерланген 34:32 (18:17)

Хановер – Штутгарт 32:19 (13:8)

Фленсбург – Минден 27:22 (14:10)